(ВИДЕО) Иран се закани со мрачна ноќ за Израел, Нетанјаху најави уште напади

На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.

Официјалниот претставник тврди дека Иран веќе пресретнал и соборил неколку израелски летала и неутрализирал значителен број израелски ракети и дронови.

-Операциите на вооружените сили на Иран против позициите на ционистичкиот режим ќе продолжат, а на овој режим му претстои мрач ноќ – рекол функционерот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, изјави дека целта на израелските напади кои почнаа денеска е да се спречи иранската нуклеарна и ракетна закана за земјата.

Тој се огласи откако заврши вечерашниот голем ирански напад врз Израел, кој беше одмазда за денешните израелски воздушни удари врз иранските нуклеарни и воени мети.

-Борбата на Израел не е против иранскиот народ, туку против иранското раководство. Ќе има уште напади. Режимот не знае што го снашло и што ќе го снајде – кажа Нетанјаху, повикувајќи го иранскиот народ да ѝ се спротивстави на власта.

Back to top button
Close