Видео: Иран во целосен информативен мрак: Блокиран интернетот поради масовните антивладини протести

Иран денеска е речиси целосно отсечен од надворешниот свет откако властите го блокираа пристапот до интернет за да го запрат ширењето на масовните антивладини протести. Видеоснимки објавени во светските медиуми прикажуваат згради и возила во пламен во повеќе ирански градови.
An internet and telephone blackout is underway across Iran after a week of protests over the deteriorating economy. Some demonstrations have escalated into riots, and other movements have joined in and pile unto the mountain of grievances against the regime. #IranProtests pic.twitter.com/U7S8MflXYL
— Anonymous (@YourAnonCentral) January 9, 2026
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, во телевизиско обраќање порача дека државата нема да попушти пред, како што ги нарече, „вандалите“. Тој ги обвини демонстрантите дека дејствуваат во име на опозициските групи во егзил и на САД. Од друга страна, организациите за човекови права алармираат дека полицијата користи огнено оружје против граѓаните во јужниот дел на земјата.
Протестите, кои првично започнаа поради економската криза, падот на вредноста на риалот и високата инфлација од 40 отсто, прераснаа во директен бунт против режимот. Поради блокадата на интернетот, протокот на информации е драстично намален, телефонските врски се во прекин, а откажани се и голем број меѓународни летови кон Техеран.
Иранската државна телевизија за немирите ја обвини дисидентската организација „Муџахедини на народот“ (МЕК), која е со седиште во странство. Додека властите се обидуваат да ги прикажат економските поплаки како легитимни, истовремено спроведуваат остри репресивни мерки против оние кои ги карактеризираат како „насилни бунтовници“.
Во меѓувреме, опозициските лидери во егзил, вклучително и Реза Пахлави, син на соборениот шах, ги повикаа граѓаните масовно да излезат на улиците. Американскиот претседател Доналд Тръмп изјави дека ги следи случувањата, но засега се воздржува од директна средба или поддршка за Пахлави.
Германија упати најостра осуда за насилството врз демонстрантите, нагласувајќи дека правото на мирен протест и слободата на медиумите мора да бидат загарантирани.






