(ВИДЕО) Избегната трагедија над Крф – авион со 273 патници принудно слета со запален мотор во Бриндизи
Воздухопловна драма се одвивала синоќа над грчкиот остров Крф, кога на „Боинг 757-300“ на германската авиокомпанија „Кондор ервејс“ му откажал десниот мотор непосредно по полетувањето кон Дизелдорф. Во авионот имало 273 патници и осум членови на екипажот, јави „Фикенњуз“.
Откажувањето на моторот се случило на надморска височина од околу 450 метри, додека авионот сè уште бил во фаза на искачување. Од десната страна избувнал оган, што било регистрирано и од жителите и туристите на островот, кои слушнале и силен звук налик на експлозија. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои јасно се гледа пламенот.
Boeing 757 flying from Corfu to Düsseldorf caught fire mid-air — passengers were already saying goodbye to their loved ones
Right after takeoff, the Condor airline plane’s right engine burst into flames.
There were 273 people on board. Passengers recall loud bangs, fire, and… pic.twitter.com/ZtoBu6JrPp
— NEXTA (@nexta_tv) August 18, 2025
На аеродромот во Крф биле активирани сите протоколи за итна состојба, но пилотите одлучиле да продолжат со летот користејќи го само левиот мотор и да се пренасочат кон италијанскиот град Бриндизи, лоциран наспроти островот.
Германската телевизија RTL пренесува дека поради дефектот немало можност да се продолжи кон првичната дестинација – Дизелдорф, па затоа летот бил пренасочен.
Авионот безбедно слета во Бриндизи, без повредени меѓу патниците и екипажот, објави весникот „Вима“. Патниците биле сместени во хотел, каде ќе чекаат замена и продолжување на патувањето