(ВИДЕО) Изгаснат големиот пожар во погон за преработка на пластика кај Марибор
Изгаснат пожарот што избувна синоќа во погон за преработка на пластика, лоциран во околината на словенечкиот град Марибор.
Огнот го гаснеа 200 пожарникари и по два часа успеаја да го локализираат, а по пет часа целосно е изгаснат.
🔥Maribor, podjetje plastike Plana na Teznu.
Dim pa je zelo strupen. pic.twitter.com/UhTqGixTPC— 𝕻𝖑𝖆𝖓𝖉𝖊𝖒𝖎𝖏𝖆 (@PLANDEMIJA1) February 8, 2025
Според досегашните информации во пожарот нема повредени лица, а материјалната штета се проценува на неколку милиони евра.
Сè уште се истражува причината за пожарот во објект на фабриката „Плана“, каде се запали хала каде биле складирани пластични производи, а пожарот зафати површина од 9.600 квадратни метри.