(ВИДЕО) Изгореа три пластични контејнери на Партизанска, чад се забележуваше од повеќе делови во градот

Запалени три пластични контејнери на булеварот „Партизански одреди“ кај Трговскиот центар „Буњаковец“ беа причина што од повеќе делови на Скопје попладнево можеше да се види како се издигнува облак од црн чад.

Од скопската територијална противпожарна единица велат дека пожарот веднаш бил изгаснат, а црниот чад што можел да се забележи е поради тоа што гореле пластика и отпад.

„По добиена пријава, веднаш е интервенирано со едно противпожарно возило и со тројца пожарникари“,вели командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески.

Според него, нема причинето друга материјална штета.

Скопските пожарникари утрово интервенираа и во гаснење на пожар кој избувнал во напуштена куќа зад хотел во близина на Трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје

Back to top button
Close