Видео: Израел соопшти дека продолжува со повлекување на војниците од Појасот Газа
Израелската армија денеска соопшти дека продолжува со повлекување војници од Појасот Газа, на четвртиот ден од прекинот на огнот во војната со Хамас.
Израелската армија соопшти дека нејзините војници во сабота ќе почнат да се повлекуваат од коридорот што ја дели Газа на северен и јужен дел.
Ова ќе овозможи враќање на Палестинците на кои им беше забрането да одат на северот на Појасот Газа.
Повлекувањето во сабота ќе почне откако заложниците, кои Хамас треба да ги ослободи тој ден, ќе пристигнат во Израел, соопшти војската.
Војската денеска објави и снимка, наведувајќи дека на неа се гледа како тенкови преминуваат на израелска територија од Појасот Газа.
Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза, која ќе трае најмалку шест недели, Израел ќе се повлече од делови на Газа, а раселените Палестинци ќе почнат да се враќаат во своите места, иако нивните домови се во голема мера уништени.
⭕️After weeks of combat in Jabaliya in northern Gaza, the Givati Brigade exited the area and is preparing for their next missions.
The Givati Brigade operated for approx. 15 months in Gaza, during which the troops established control in the area, eliminated many terrorists,… pic.twitter.com/svhVLcpSGI
— Israel Defense Forces (@IDF) January 22, 2025