Видео: Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида
Израелски воени авиони извршија серија напади врз јеменското пристаниште Ал Худеида. Израелската армија соопшти дека нападот е одговор на ракетниот напад на Хутите.
Претходно, портпаролот на ИДФ, Авихај Адрае на платформата Икс објави предупредување за евакуација и најави дека пристаништето ќе биде цел на напади.
Нападот врз Јемен е извршен додека трае операцијата на ИДФ за уништување на инфраструктурата во градот Газа.