(ВИДЕО) Каевски: Скандал со парцели од 30.000 квадрати води кон градоначалникот на Сопиште

Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски, обвини на денешната прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници квадратни метри во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот.

Хектари се во прашање овде, над 30 илјади квадратни метри купено земјиште за само неколку години.

Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште“, јавно запраша претставникот на СДСМ.

Тој исто така праша дали можеби станува збор за релации кум-кумашин како од времето на, како што рече, Никола Груевски и богатењето на грбот на граѓаните.

„Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски, треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници квадратни метри земјиште“, нагалси Каевски и додаде дека сите надлежни институции имаат обврска по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавноста.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close