(Видео) Кандидат за градоначалник од Влен пречекува гласачи донесени од дијаспората

На видеото се гледа како Рамадани пречекува и се поздравува со маса на луѓе, кои најверојатно дошле во Македонија за да може да гласаат на Локалните избори во недела.
За потсетување, во вториот круг на Локалните избори во Брвеница влегоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски и кандидатот на ВЛЕН, Хаким Рамадани.
 
					





