ВИДЕО: Каранфилова Пановска: Претседателката на ДКСК треба да си поднесе оставка од морални причини

Сериозните обвинувања што се појавија за претседателката на ДКСК, по две основи, мислам дека се повеќе од доволни да си поднесе оставка од морални причини, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.

-Сметаме дека првата антикорупционерка има одговорност да го штити кредибилитетот и интегритетот на ДКСК како еден симбол на борбата со корупција на оваа држава. Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини. Затоа што самиот тек на постапостапките, нејзино суспендирање на еден начин од обврските што ги има како прва антикорупционерка во државата го бараат тоа од неа како личност.

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја разгледува иницијативата на дел од политичките партии, на Левица во случајот, за интерепелација, градиме став. Но, едно е јасно и сигурно дека во ваква ситуација претседателката на ДКСК може да си поднесе оставка од морални причини, рече Каранфилова Пановска.

 

ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

 

-Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на претходно. Гледаме како се одразува на сигурноста и безбедноста на граѓаните, како негативно се одразуваат нивните политики на тоа што значи економски напредок, на тоа што значи подобри услови за водење на бизнис во оваа држава. За прв пат една влада во првата година од своето владеење не успеа да обезбеди навреме плати за административците, ова е влада којашто не го враќа данокот на додадена вредност на бизнис секторот. Оваа влада со исклучително и единствено популистичка политика заговара линеарно покачување на пензиите од илјада денари коешто не е во интерес на над 95% од самите пензионери, рече Каранфилова Пановска.

Во немоќ да ги решаваат вистинските проблеми, во немоќ да го направат животот на граѓаните полесен немаат што друго освен од нивната партиска говорница по трипати во денот да ги повторуваат истите дегутантни небулози, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

Резолуцијата којашто ја нуди како иницијатива ВМРО-ДПМНЕ деновиве сметаме дека е штетна и дека дополнително ги подрива нашите позициите како држава, затоа што отвора прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет коешто е веќе комплетно затворено во време на владата на СДСМ во изминатиот мандат, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.

-Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се гарантирани со обврзувачки документи на Европската унија, со преговарачката рамка, којашто имаме на масата и со договорот со Фронтекс. Македонскиот јазик е заштитен во рамки на Европската унија, на македонски јазик се преведуваат договорите кои што се потпишуваат со нашата држава. Апсолутно не гледаме причина во оваа ситуација, да со една ваква иницијатива, во една ваква некапацитетност на дипломатската мрежа на ВМРО-ДПМНЕ, што се покажа со последниот извештај во Европскиот парламент, одново да отвораме прашања коишто се затворени само и единствено да служат во интерес на билдање на дополнителни поделби, поларизација во општеството, на конфронтација којашто ни е најмалку потребна. Треба да престанеме еднаш засекогаш да се занимаваме со тоа кој е патриот, а кој предавник. После фијаското што го доживеа ВМРО-ДПМНЕ со извештајот во Европскиот парламент и со необезбедување сојузништво ниту од своите сестрински партии СДСМ смета дека понудената резолуција не е во интерес на градење на подобра позиција., рече Каранфилова Пановска.

Таа нагласи дека европската интеграција значи пред се реформа на системот, реформа на општеството, за да може граѓаните да живеат во една подобра и поубава држава, а тоа е интерес на сите граѓани.

-СДСМ кажа и кажува дека ќе ја поддржи секоја позиција, секоја политика, секоја стратегија што значи подобрување на нашата позиција како држава во процесот на европската интеграција а не создавање нови пречки, порача Каранфилова Пановска.

-СДСМ е за продолжување на нашиот евроинтегративен пат по принципот на градење на добри добрососедски односи, на градење на пријателства, на градење на мудра политика којашто нам ќе ни го откочи тој пат и ќе ни го одблокира на ефикасен начин и не е за дополнително подривање на нашите позиции и креирање дополнителни препреки, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Back to top button
Close