ВИДЕО: Казна и за „Гнездо“ поради забава и непочитување на протоколите

Непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, утврди Пазарниот инспекторат во локалот „Гнездо“ лоциран на улица Македонија, пренесе А1он.

Гостите до доцна во вечерта се забавуваа во угостителскиот објект, без да обрнат внимание дали има дистанца меѓу нив. Никој, освен персоналот кој е вработен, не носеше заштитни маски. Гласната музика, траеше речиси до крајот на работното време. Ваквото однесување доаѓа во време кога два дена по ред во Македонија се бележат и по 243 новозаболени во еден ден.

„Направен е записник за непочитување на протоколи, а тоа си носи мерки по член 205 и 206 од Кривичен законик“, вели Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Back to top button
Close