ВИДЕО | Кекеновски: Неприфатливо е што се дозволило да се регистрира клуб со името на негатор на Македонија

Случајот со „Ванчо Михајлов“ во Битола веќе цела недела е тема во јавноста и ставовите се познати. Прашањето што произлезе од анализите на случајот е зошто се дозволило регистрирање на здружение со името на најголемиот негатор на македонизмот.

-Оваа материја треба да се регулира. Ние од 1991 година не успеавме да донесеме закон со кој ќе се оневозможи да се промовираат личности кои промовираат антимакедозам а истовремено да ја осудиме нивната фашистичка дејност. Правото треба на сите да им овозможи да ги уживаат своите права, а тоа треба и странците да го почитуваат, вели професорот по уставно право Јове Кекеновски.

И во демократија не е оневозможено да се цензурира или регулира нешто што не е општествено прифатливо.

-Државите по војната донесоа закони со кои се штитат од промовирање на фашизмот. Казните во Германија, на пример, се огромни. Во Австрија државата ја откупи куќата на Хитлер за да не се развива политички туризам. Нашата држава можеше на време да го спречи регистрирањето на установи со името на овој најголем негатор на македонската посебност. Регистер на имиња и симболи има и Германија, ама тоа не значи дека може сѐ да биде опфатено. Се остава на свеста на администрацијата и вработените да реагираат соодветно. Ако некој слубеник не знае кој е Ванчо Михајлов можеле да прашаат во Институт за национална историја. Не е оправдување да се дозволи регистрација на здружение што го носи ова име, вели Кекеновски.

Нашиот закон е многу дециден кога станува збор за имињата – се бара согласност од роднините, а ако нема тогаш Министертвото за правда ја прави проценката, коментира Кекеновски. Тој вели дека е индикаривно што поранешната министерка за правда утредента излезе со документ во врска со регистрацијата на ова здружение.

-Имам впечаток дека се оставил нејасен одговорот за името н здружението оти во времето кога бил покренат процес на регистрација имавме добри односи со Бугарија и веројатно причината била да не се нарушуваат тие односи, вели Кекеновски.

Факт е дека ова предизвика нетрпеливост и омраза во земјата и сеедно е дали статутот на здружението е коректен, проблем има со името, коментира Кекеновски.

-ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од прогласувањето континуитет со некогашното ВМРО што беше направено на Конгресот во Кичево во 1995 година, вели Кекеновски.

Кекеновски коментира дека целата оваа ситуација е на штета и на Бугарија, но факт е дека е изрежирано, а ние не смееме да реагираме брзоплето.

 

Back to top button
Close