(ВИДЕО) Кој ќе го има последниот збор за Универзална – гостин во Утрински брифинг Никола Наумовски, шеф на кабинетот на градоначалникот Шилегов

Опис

-Сегашната „бука“ во јавноста, односно учеството на јавноста во овој процес е нешто што досега сме го немале иако многу слични објекти и згради поминале низ вакви постапки.

-Во Скопје се рушени објекти од времето на солидарноста, па се сеќаваме дека и ГТЦ сакаа да го преоблечат без никаква консултација со јавноста. Ова што ние го започнавме е спротивно на претходното и малку е навредливо кога некои луѓе го споредуваат со Скопје 2014, изјави во Утрински брифинг Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по низата реакции за можните решенија за иднината на Универзална сала.

-Градоначланикот изјави дека за него идеално би било да имаме две сали, да ја задржиме старата, да се реконструира и да и се даде живот а од друга страна да направиме нова и да служи за многу други потреби која старата не може.

-Дали ова ќе се оствари не зависи од градоначалникот или градската администрација туку примарно од оној што ги држи финансиите во државата, бидејќи Универзална сала како и сите капитални инвестиции во културата се плаќаат од државниот буџет, вели Наумовски и додава дека „кога зборуваме за нови културни домови, како Универзална сала, збориме за инвестиции кои би му служеле на градот во наредните 50 години а не во следните 6 месеци“.

.

Back to top button
Close