(ВИДЕО) Кој всушност е новинарот што го праша Зеленски дали поседува одело?
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше скандалозна. Тие се расправаа пред камерите и окото на светската јавност, а Трамп на моменти повишуваше тон и го замолкнуваше украинскиот претседател.
Ситуацијата кулминираше со отсечниот прекин на посетата по што беше откажана и заедничката прес-конференција, на која двајцата лидери требаше да потпишат договор за минерали.
Освен Трамп, дрски кон Зеленски беа и ЏД Банс и новинарите од кои еден му постави невкусно прашање на Зеленски: „Имате ли воопшто одело? Зошто не носите одело? Зошто не носите одело? Вие сте највисокиот функционер на вашата земја, а одбивате да носите одело. Само сакам да видам дали воопшто поседувате одело.“
Џеј Ди Ванс се насмевнуваше во позадина, а Зеленски кратко и отсечно одговори: „Имате проблем со тоа? Ќе носам костум кога ќе заврши војната. Можеби нешто како вашето, можеби нешто подобро, не знам, ќе видиме. Можеби нешто поевтино“
Brian Glenn: Why don’t you wear a suit?!? Do you own a suit? pic.twitter.com/p1gdffSPkJ
— Acyn (@Acyn) February 28, 2025
Кој е Брајан Глен?
Провокативното прашање го постави Брајан Глен, главен дописник од Белата куќа за „Real America’s Voice“. Тоа е десничарска медиумска мрежа на која често гостини се сојузниците на Трамп.
Глен го води поткастот за медиумската мрежа и е познат меѓу МАГА поддржувачите, а и по неговиот дрзок новинарски стил и активноста на социјалните мрежи.
Тој е во врска со републиканската конгресменка Мерџори Тејлор Грин и се декларираат како „омилената двојка на МАГА движењето“. Глен ја стекна популарноста со ексклузивните интервјуа со Трамп.