(Видео) Кочоска: аферата еуростандард е тешка над 150 милиони евра
Шокантно е што министерката Нина Ангеловска на месец и половина пред избори го повлекува својот депозит од Еуростандард банка-велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив нејасно е како министерката не знаела за финансиските проблеми на банката.
Тие обвинуваат дека аферата е тешка над 150 милиони евра, а 20 милиони евра се кредити без покритие кои се делеле на компании блиски до власта.