(ВИДЕО) Колапс на преминот „Меџитлија“ – патници заглавени со часови меѓу Македонија и Грција поради пожар
Граничниот премин „Меџитлија“ беше затворен повеќе од два часа попладнево поради пожар во близина на границата, што предизвика целосен застој на сообраќајот и хаос за стотиците патници кои се обидуваа да преминат меѓу Македонија и Грција.
Патници кои се затекнале на преминот сведочат дека иако по два часа чекање на грчка страна биле информирани дека преминот е повторно отворен, по минување на македонската пасошка контрола биле сопрени на спуштена рампа и повторно вратени назад кон Грција.
„Во 2:15 го поминавме македонскиот пасошки премин, но рампата беше спуштена. Два часа подоцна, во 4:15 ни рекоа да се вратиме назад кон Грција. Од прво возило станавме последни во колоната“, раскажуваат патници за портал.от Скопје1.
Иако повторно се вратиле на грчка страна, по околу 30 минути – околу 4:45 часот, им било наредено повторно да се вратат на македонската страна.
„Им рековме дека веќе имаме печат од македонска пасошка контрола, дека сме со мало дете и побаравме да не пуштат преку најдесната лента. Но, ни рекоа дека мора повторно да чекаме“, велат тие.