(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

И оваа сабота сeмејствата на загинатите во „Пулс“ пред ОВР Кочани ги пречекаа тесно паркирани запленети возила од МВР без регистарски ознаки, кои практично ѝ оневзоможуваат на масата луѓе да пријдат до влезот на полициската станица. Дел од учесниците на протестот пред новинарските екипи прашуваа која е неопходноста овие возила да бидат паркирани токму пред влезот на ОВР.

 

Канал 77 се обрати писмено до МВР со прашање зошто се паркирани овие возила овде, но до овој момент нема добиено одговор.

Back to top button
Close