(Видео) Косовски пратеник на плоштад во Приштина истепа случаен минувач оти го нарече лажго

Инцидент меѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и еден граѓанин од дијаспората денеска го привлече вниманието на косовската јавност.

Настанот се случил додека Земај давал интервју на плоштадот, кога минувачот се доближил и го нарекол „лажго“.

 

Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот.

На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа моментот кога Земај зборува пред камерите, додека граѓанинот во позадина довикува: „сите сте лажговци“ и „лажете“. Земај му возвратил со прашањето „кого лажеш“, по што, кога минувачот се приближил, го удрил.

По инцидентот, Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката.

Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а реакциите во јавноста не изостанаа.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close