ВИДЕО | Костадин Ацевски, кандидатот на СДСМ во Ѓорче,поднесе оставка ,побаа и од целото раководство на партијата

Костадин Ацевски, претседател на општинската организација на Ѓорче Петров и кандидат за градоначалник на општината поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради, како што вели, лошите резултати на локалните избори.

Верува дека е исправно оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ.

Не само заради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период.

Додава дека СДСМ е преголема идеја за да остане непрепознатлива.

Back to top button
Close