(ВИДЕО) Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски во своето денешно обраќање од Брисел порача дека францускиот предлог, каков што е во моментот е неприфатлив за македонската страна.

– Ова што се случува е сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ. С. Македонија и Албанија не смеат да дозволат да тапкаат во место поради една земја членка која не успева да се координира и да обезбеди деблокирање на европскиот пат. Не смееме д дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем. Во преговорите со Бугарија влеговме искрено и решението да биде поставено на европски вредности. Бугарија реши да се врати во минаотот и повторно да постави блокада, која оди во прилог само на трети страни кои ќе ги пополнат празнините кои ќе се отворат со вакви непромислени чекори“, појасни Ковачевски.

Што се однесува до францускиот предлог, тој упати благодарност до претседателот Макрон, за неговиот ангажман и напор да се најде решение.

„Во динамичниот процес на работа со француското претседателство, ги соопштивме нашите црвени линии и предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи:

-чиста формулација за макеоднскиот јазик во преговарачката рамка и заштита на идентитетот

-историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка

-преговорите межу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето за вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот

-секое решение да е консултирано со институциите на С. Македонија“, истакна премиерот.

Ковачевски појасни дека предлогот во ваква форма не е прифатлив за него, претседателот Пендаровски, за владата, коалициските партнери и граѓаните на Македонија.

видео: тв21

Back to top button
Close