(Видео) Ковачевски и Петков на средба во Минхен: Очекуваат дијалогот да доведе до решенија за европска иднина

Двајцата премиери ја оцениле позитивна досегашната работа на експертските групи кои беа формирање со цел да се интензивира дијалогот и соработката по формирањето на новите влади во двете држави

„Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа. Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина“,соопштија од Владата.

На средбата заедно со Ковачевски присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Back to top button
Close