(Видео) Ковачевски: Пристигнат е францускиот предлог за спорот со Бугарија, следува широк консултативен процес

Пристигнат е предлог од француското претседателство за спорот со Бугарија, по нашата интервенција во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, изјави вечерва на прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски, најави дека ќе следи широк консултативен процес, со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

– Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Ковачевски.

Предлогот, како што посочи Ковачевски, е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела.

Протоколот од Договорот за добрососедтсво, Ковачевски рече, дека не е дел од преговарачката рамка.

 

Back to top button
Close