(ВИДЕО) Ковачевски, Рама и Вучиќ нема да одат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во четврток?


Четврток ќе биде најинтересниот ден во последните 10 години во Европа, вели претседателот на Србија најавувајќи дека е во постојани консултации со Рама и со Ковачевски за тоа дали ќе се патува за Брисел. Шефот на македонската дипломатија Османи изјави дека одлуката дали премиерот ќе присуствува на Самитот ќе ја донесе Владата на својата утрешна седница
Српскиот претседател Александар Вучиќ навестува дека е можно лидерите на земјите од Западниот Балкан да не учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Брисел на 23 јуни. Тој обелоденува дека заедно со колегите од регионот градат став за тоа дали воопшто ќе се патува во Брисел.

„Добив официјална покана да присуствувам на состанокот во четврток. Ќе почекам да направиме консултации во рамки на Отворен Балкан, со господин Рама и со господин Ковачевски. Ќе ја консултирам и Владата. Потоа ќе донесеме одлука, дали ќе одиме во Брисел и која ќе биде нашата позиција. Можам да Ви кажам сега што мислам јас, но тоа нема да го сторам пред да се посоветувам со членовите на Владата, а сакам да го чујам и мислењето и на лидерите од Западниот Балкан, да ја видам и чујам нивната позиција“,

изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Back to top button
Close