(Видео)Ковачевски се пошегува, Вучиќ искрено се насмеа


Урнебесно видео од смешна ситуација на почетокот на говорот на премиерот Ковачевски на винскиот саем во Белград стана хит на социјалните мрежи. Ковачевски му вели на лицето задолжено за местење на микрофонот кое веќе некое време се вртка и мотка околу него додека тој говори, „Сега е подобро, веќе можат да ме видат“. Во тој момент, Вучиќ и публиката прснуваат во смеење.

– А, можам и јас некого да видам таму – додаде Ковачевски покажувајќи кон публиката и го продолжи говорот.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, се сретна и со светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. На средбата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

„Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот“, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.

 

Back to top button
Close