Видео: Ковчегот со посмртните останки на Пеле пречекан со огномет: Поставен е на стадионот на „Сантос“

Посмртните останки на бразилската фудбалска легенда Пеле се изнесени од болница и пренесени на стадионот на неговиот поранешен клуб „Сантос“.

Ковчегот беше пречекан со огномет, а е поставен на центарот на теренот на фудбалскиот стадион со цел фановите да може да му оддадат почит.
Пеле почина во четвртокот на 29 декември 2022 на 82-годишна возраст. Во последните неколку години се бореше со здравствени проблеми со бубрезите и простатата. Имаше и операција за отстранување на тумор од дебелото црево во септември 2021 откако тој бил откриен при рутински преглед. Неговата здравствена состојба се влоши во последните неколку недели кога кон крајот на ноември 2022 беше и хоспитализиран.

„Сантос“ е неговиот прв професионален фудбалски клуб каде тој помина и најголем дел од својата кариера. Играњето со професионален фудбал го заврши во клубот „Њујорк Космос“.

Прошталниот натпревар Пеле го одигра во 1977 година. Во него се соочија токму овие два клуба, билетите беа распродадени до последно место, а Пеле одигра по едно полувреме за двата клуба.

Back to top button
Close