(ВИДЕО) Кралот Чарлс и Камила прв пат седнаа на тронови, нејзиниот се разликува по еден детал

 

 

Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета. Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал.

Имено, престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги.
Инаку, новиот крал сега почнува обиколка низ земјата која мора да ја посети до погребот на кралицата Елизабета. Најпрво ќе оди во Парламентот на Шкотска, а потоа ќе ја посети Северна Ирска каде ќе добие сочувство во замокот Хилсборо. После тоа, ќе оди во Велс и ќе присуствува на миса во катедралата Лиандаф во Кардиф.

 

Back to top button
Close