(Видео) Кран висок 20 метри падна врз куќите во Лондон, едно лице загина

Врз куќите во источен Лондон паднал кран висок 20 метри при што загинала една жена.

Жената е пронајдена на првиот кат на една од оштетените куќи. Две лица завршиле во болница со повреди на главата, додека уште две се здобиле со полесни повреди.

Кранот падна на две куќи и станбена зграда во изградба.

„Целиот покрив на мојата куќа беше срушен. Бев шокиран. Го отворив прозорецот со поглед на градината и видов еден голем црвен објект што паѓа врз нас. Истрчав надвор. Не знаев што да правам”, рече Мотиур Рахман за „Скај вести“.

„Само што излегов од бањата. Ако излезев секунда подоцна, вратата на мансардата ќе паднеше врз мене. Ако брат ми или сестра ми беа во нивните соби, којзнае дали би преживеале. Сè беше уништено таму. Јас дури и не сакам да размислувам за тоа“, рече една станарка.

Кранот го користела компанијата Swan Housing Association & NU living.

Портпаролката на компанијата изјави дека „Swan Housing Association & NU living“ е свесен за инцидентот што се случил и дека нивниот персонал е на местото на настанот.

Back to top button
Close