(Видео) Крмов: Левица нема да го поддржи Славески за гувернер, нема политички сенс


Пратеникот од Левица, Борислав Крмов е гостин вечерва во Претрес со Ландов. За инцидентот во Собрание кога го скрши компјутерот на претседавачката маса рече дека тоа е видено во демократските земји и тоа било оправдано. Штетата уште не ја платиле.

„Собранието не треба да биде циркуз, но проблемите доаѓаат од власта. Талат Џафери во корпа ми фрли 4.500 амандмани за новиот Деловник. Ние не пипнавме никого”, рече Крмов, кој не исклучи можност за порадикални мерки бидејќи има право да се брани.

Неколку месеци навреди трпиме од Петар Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ. Жена и деца се споменуваат. Го игнориравме досега, но секој има право да си го брани достоинството. Не може ние да се извинуваме кога некој не пцуе”, рече Крмов.

За Трајко Славески рече дека Левица нема да го подржи за нов гувернер. Потсети на изјава на Славевски пред неколку години кој за 9.000 минимална плата рекол дека тоа е пазарот.

„Нема политички сенс“, смета Крмов.

Back to top button
Close