(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДС

Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

А од Обвинителството – молк.

Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија?

Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?

Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат.

Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина.

1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен.

СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции.

Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?

2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра?

Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази.

Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо.

Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен.

Или предметите намерно се чуваат во фиока?

Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација.

Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат?

3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

И тука се гледа двојниот аршин.

Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо.

Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци.

 

4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село?

Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар.

СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат.

 

5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО.

Што прави Обвинителството?

Кој ги нападна младите?

Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб?

Кој е повикан на распит?

Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи?

Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази.

За милионски суми народни пари.

За нападнати млади луѓе.

За загрозено здравје на илјадници граѓани.

Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија?

Back to top button
Close