(ВИДЕО) Кузеска: Додека ВМРО лаже за мигранти односно „економски работници“ се отпушаат македонски работници

Одговор на новинарско пршање, Богданка Кузеска – портпаролка

Додека ВМРО лаже за мигранти односно „економски работници” се отпушаат македонски работници

ВМРО лаже и за оваа тема, како се што досега кажавме и се потврди.

Додека власта менува термини за да манипулира, од „мигранти” кон „економски работници„ секојдневно се отпушаат македонски работници.

По информациите за отпушање македонски работници од Бехтел и Енка последните информации говорат дека и од Гентерм во Прилеп ќе се отпуштаат работици, првичните проценки упатуваат на 400 работници.

Сменија Закон за странци за да овоможат полесено да дојдат и да престојуваат, донесоа одлука за отворање врати на 10.000 странски работници само во 2026 година.

Тоа се фактите.

Back to top button
Close