(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот – сè е договорено

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и судството под контрола на ВМРО-ОКГ. Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

 

Таа вели „вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор. Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“. Епа како донеле одлука во Обвинителството?“.

„Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува? Сè е јасно. Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори. Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година. Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио“ порача Кузеска

Back to top button
Close