Видео- Ленин со Данела води војна и на фб- И сега маќео шу праиме?


Ленин Јовановски, директор на приватната компанијата „Слобода превоз“, која учествува во јавниот превоз на Скопје, на Фејсбук објави видео снимка направена во автобус на ЈСП, на која се гледа дека возчот му продава билет во готово, без да му издаде фискална сметка.

„Велат, на лагата и се кратки нозете. Јас велам некому му е краток паметот, а долг јазикот. Ова е пракса во секој автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават токму вака. И сеа маќео шу праиме ? Крадецот викал на цел глас држете го крадецот“, пшиува Јовановски во својата објава.
Тој ѝ се обраќа на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која неодамна ги обвини приватните превозници дека продаваат билети за градски превоз во готово, и дека тој промет не го пријавуваат.

Back to top button
Close