(ВИДЕО) Лесковац завиен во чад, гори фабриката „Невена колор“
Причината за пожарот во фабриката „Невена колор“ во Лесковац, Србија, сè уште не е позната, а началникот на одделението за општи работи на градот Лесковац, Милан Поповиќ изјави дека пожарот најпрвин го зафатил магацинот со суровини, а избувнал околу 16:55 часот, објави Н1 повикувајќи се на РТС.
„Според неофицијални информации, пожарот избувнал во магацинот за суровини, а потоа се проширил на магацинот за готови производи“,
Лесковац веќе подолго време е завиен густ чад, а во акцијата за гаснење се повредени тројца пожарникари. Нивната состојба е стабилна и не се во животна опасност.
Четири екипи на Итна помош постојано се на терен.
„Правиме сè за да спречиме поголеми штети и загрозување на човечки животи и проблеми за животната средина и животите на луѓето“,рече Поповиќ.
Во фабриката за бои и лакови „Невена колор“ нема втора смена, па во моментот на пожарот во неа немало работници.
Вечерва на терен се 49 пожарникари и спасувачи со 17 возила.
Во истата фабрика пожар избувна и во јули 2012 година кога се запали централната комора за климатизација. Тогаш немаше повредени. Пожар избувна и во ноември 2006 година кога целосно изгоре еден од погоните на фабриката..