(ВИДЕО) Лиде Лиде преку телевизија на Филипче му посвети стихови, му побара и букет рози

Лидија Гиновска стана популарна во април годинава кога преку Фејсбук му упати покана на министерот за здравство Венко Филипче дека гори од желба да го види и да испијат заедничко кафенце.

По ова таа буквално стана хит на социјалните мрежи и речиси на секој прес го покануваше министерот на кафе и имаше нејзини коментари.
Овој пат за прв пат јавноста може да ја запознае Лиде Лиде преку интервју дадено за Зевзекманија.
Она што е најинтересно во него е тоа што Лиде Лиде се уште чека да испијат кафе со министерот, но и еве што му побара на Филипче како подарок за нејзиниот роденден.

Back to top button
Close