Видео: Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан” пристигнаа во Охрид

Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан” денеска пристигнаа во Охрид каде што утре ќе се одржи работниот дел од самитот.

Прес-службата на Владата информира дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Премиерот на Албанија Еди Рама во доцните попладневни часови ќе биде пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а  претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија пристигна вчера во Охрид.

Според агендата, на самитот „Отворен Балкан” утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како и договор за соработка за заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции.

Back to top button
Close