(Видео) Лидерот на СНСД, Додик, со чучњеви во природа: „Никогаш во подобра форма“

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, објави видео од тренинг во кое се пофали со сопствената физичка подготвеност.
Во видеото, кое го сподели на платформата „Икс“, Додик се гледа како изведува чучњеви на отворено, во природна средина. Во описот на објавата кусо напиша: „Никогаш во подобра форма“.
Ова не е првпат Додик да се појави во спортско издание. Во изминатиот период јавноста имаше можност да го види како вежба во теретана, како и во парк, каде изведуваше вежби за стомачни мускули, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Извор: skopje1.mk






