(Видео) Лудило во парламентот на БиХ: „Би ја замолил пратеничката да не седи во скутот на министерот за финансии“

Забавна сцена во Парламентот на БиХ ги изненади пратениците среде сериозната дебата за државниот буџет.
За време на дебатата за државниот буџет на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, се случи ситуација што ги насмеа пратениците, но и ги збуни. Сè започна кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, за време на својот говор, коментираше за симболиката на седницата, велејќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил „ноќта пред Ноќта на вештерките“.
Додека Бегиќ зборуваше, пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот Амиџиќ, го бакна во образ, ги избриша трагите од кармин, а потоа го прегрна и кратко му зборуваше. Моментот го забележа и Бегиќ, кој веднаш искоментира.
„Би ја замолил мојата колешка да не седи во скутот на министерот за финансии додека разговараме за државниот буџет. Тоа е потценување на овој Дом и на сите нас тука. Барам пауза за да можеме да ги доведеме пратениците во ред“, рече Бегиќ, пренесува Слободна Босна
 
					





