ВИДЕО | Лукаревска: Од наредната година ќе се зголеми лимитот на повратот за ДДВ

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција најави дека заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе предложат измени во законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица.

 

„Сакам да известам дека во наредниот период, координирано со министерот за финансии, ќе поднесеме предлог-измена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица. Оваа измена е со цел од наредната година, односно од 1 јануари 2023, да се зголеми лимитот на повратот за ДДВ, со што граѓаните наместо 1800 денари за тромесечје, ќе можат да добијат максимален износ од 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата ‘Мој ДДВ’“, извести Лукаревска.

 

Back to top button
Close