(Видео) Лукас обвиен со македонско знаме ја изведува „Јовано Јованке“, по приведувањето напиша „Ја сакам Македонија“

Познатиот пејач Аца Лукас, на мрежата „Инстаграм“ утрово објави видео од изведба на македонската песна „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е обвиен во македонското знаме и свири на ударен инструмент.
Тој под видеото напишал: „Ја сакам Македонија“.
Лукас ова го објавил откако за време на настап во угостителски објект во Кавадарци беше приведен.
МВР соопшти дека при акциска контрола било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена и парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и прекршување на Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Извор: skopje1.mk






