(ВИДЕО) Лукровски прогласи победа во Карпош
Победничка атмосфера владее во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош. Со зурли и тапани се свират и пеат македонски патриотски песни

Од атмосферата што владее во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош / Фото: „360 степени“
Нивниот кандидат за градоначалник, Сотир Лукровски, предмалку прогласи победа, по што на местото веднаш започна славје.
Со зурли и тапани, но и со факели приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ слават за победата.
„Уште утре одиме во општина“ се пошегуваа присутните.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во Општина Карпош од обработени 86,49% од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски со 11.845 гласа, наспроти Стевчо Јакимовски од ГРОМ („Искуство за успех“) со 10 592 гласа.
извор: 360Степени






