ВИДЕО: Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела.
Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата сè додека не се постигне трансфер на власта и контрола врз огромните нафтени резерви на Венецуела.
Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја именуваше потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател, а меѓу Венецуелците владее мешано чувство на радост, надеж и вознемиреност, јавија американските медиуми






