(ВИДЕО) Макрон повторно нападнат, овој пат го погодија со јајце во глава
Францускиот претседател Емануел Макрон беше погоден со јајце во главата за време на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион.
Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата.
„Ако некој има нешто да ми каже, нека дојде рече Макрон.
Емануел Макрон беше во друштво на тројца членови на владата: Ален Грисет, министер за мали и средни претпријатија, Женан-Батист Лемојн, државен секретар за туризам и Жулијан Денорманди, министер за земјоделство, пишува „РТ Франс“.
Ова не е првпат Макрон да биде цел на оние што не го поддржуваат. За време на патувањето во внатрешноста на Франција на 8 јуни, еден човек му удрил шлаканица. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, од кои отслужи само четири.