ВИДЕО | Малески: Бугарија да не го кочи процесот, да се решава проблемот во прозападна атмосфера

Со новиот извештај на Стејт департментот дел од бугарската јавност е засегната, пред се Каракачанов, бидејќи проблемот за регистрација на организациите на Мкедонците во Бугарија е спомнато во значителен дел. Кај Каракачанов сега е присутна двојна фрустрација. Излезните анкети говорат дека нема да го помине прагот, а и да го помине неговото учество во Собранието ќе биде минорно, а другата фрустрација е што со име и презиме е спомнат во Извештај на Стејт Департментот кое многу ретко се случува, изјави во Утрински брифинг, екс амбасадорот Огнен Малески.

Прашање е дали рациото ќе надвладее над емоциите. Очекувам, обично така е, во период кога една валда започнува мандат се отвора простор за рационални и флексибилни решенија, а како се приближува крајот на мандатот и подоговтовки за избори тогаш реториката се вжештува. Тоа е една матрица која и кај нас се случува. Не мислам дека Бугарија ќе направи едно салто мортале и дека ден после изборите ќе се променат работите и политиката градена во последните 60 години. Прашањето е дали во 21 век со познатите тенденции на глобален план и потребата од проширување на Унијата, дали Бугарија ќе се попредели да го кочи тој процес или ќе води една проевропска прозападна политика, со која би се овозможило во друга атмосфера да се решава проблемот, вели Малески.

Без политичка волја ништо не може да се реши. И другата страна треба да сфати дека од овој процес ќе има придобивка. Клучно е да разбере Бугарија дека само со искрена поддршка од нивна страна во процесот на преговарање и вклучување на Македонија во ЕУ можат да се отворат перспективи за решавање на некои деликатни прашања кои тие ги сметаат важни за нив. Со, притисоци, уцени и блокади мислам дека уште повеќе се крева летвичката и многу потешко ќе биде било што да се реши, вели Малески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Back to top button
Close