ВИДЕО | Маричиќ: Луѓе кои ги доведоа преговорите со Бугарија до ќорсокак, сега наоѓаат забелешки

Се сменија двајцата премиери, и во Софија и во Скопје, по што следуваше посетата на бугарскиот премиер на Скопје.

-Мислам дека посетата е оценета многу позитивно и тука и во Софија. До оваа посета пониско ниво на односи не сме имале со Бугарија, оттука па натаму може да одеме само угоре. Мојот впечаток е дека премиерот Петков е искрен во намерите, дека постои добра волја, свесен е за предизвиците, но и сака да постигне конкретни резултати, а не да се задржи само на старите теми, вели Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања за Утрински брифинг.

Историските теми речиси исчезнаа од бугарските документи. Маричиќ ова го коментира како волја да се решат другите прашања како економијата, инфраструктурата и културата, па оттука да тргнеме понатаму. Ако се прошири спектарот на разговори, да не се сведува само на историја, ќе тргнеме напред, коментира Маричиќ.

-Прв чекор е заедничката владина седница што ќе се одржи во Софија а на која ќе се оформат тие пет комисии вон историската комисија. Некаде до март или април овие комисии ќе се среќаваат еднаш неделно. Сега сме целосно ослободени од датуми и месеци, битно ни е да се разгледуваат прашањата од друга перспектива. Суштината е колку искрено ќе влеземе во овие роцеси, вели Маричиќ.

Маричиќ вели дека средбата на Кирил Петков со идерот на опозицијата Христијан Мицкоски поминала добро судејсќи според соопшението од ВМРО-ДПМНЕ и додава дека е многу битно по ова прашање со Бугарија сите, и позицијата и опозицијата да имаат исто гледиште и стојалите.

Back to top button
Close