Видео: Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала областа, пренесуваат медиумите.

Како што објавија некои портали, во овој напад има и загинати и повредени.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека не може да потврди дали овој напад е поврзан со тероризам.

Полицијата не сакаше да даде повеќе детали за сторителот, но напаѓачот, според претходните информации на полицијата, дејствувал сам.

Шефот на полицијата Ојвинд Аас изјави дека напаѓачот е уапсен и дека сам ги извршил тие дејствија.

„Неколку луѓе беа повредени, а неколкумина загинаа“, рече Аас.

Локалните медиуми јавуваат дека припадниците на елитната полициска единица и армија ја обезбедуваат областа Конгсберг.

Тие пишуваат и дека десетина амбулантни возила биле присутни на местото на инцидентот, а два хеликоптери се задолжени за градот.

Нападите се извршени во широката област на Конгсберг, град со околу 28.000 жители во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата.

Министерката за правда Моника Меланд беше информирана за нападот и внимателно ја следи ситуацијата, соопшти министерството.

 

Back to top button
Close