(Видео) Меџити: Уставни измени ќе има
Фон дер Лајен и Мицкоски, пред себе имаат полни, целосни мандати да учествуваат во новите тектонски и геостратешки потреси во Европа. Но кој и како ќе ги надживее?
„Добри се посетите. Оваа Влада е про-европски ориентирана за да зачекориме по тој пат, за да фатиме чекор со Албанија и со другите, рече Изет Меџити, потпретседател на Владата и министер за животна средина, на прашањето дали посетата на Фон дер Лајен треба да ја сметаме како утешителна или стимулативна откако Албанија ги почна преговорите со ЕУ.
„Политичкото прашање се уставните промени, односно да се вметне бугарската зедница во Уставот, но има доста делови коишто треба да се сработат во сите поглавја, во сите области. Тоа подразбира секаде. Администрација, животна средина, правна држава, и со тоа да се доближиме до европските стандарди“, смета Меџити.
„Мислам дека до сега никој не оспорил дека Бугарите треба да бидат дел од Уставот, туку работата е во деталите. Да нема нови барања, да има некаква гаранција дека тука ќе се заврши. Инаку во принцип сите се ЗА. Тие се фактичка состојба, присутни се тука, ги има и на последниот попис и зошто да ги нема како заедница, заедно со другите заедници во државата, рече Меџити на прашањето дали премиерот ја подготвува домашната јавност за компромисно решение и конечно внесување на Бугарите во Уставот.
„Сакам да потенцирам дека граѓаните граѓаните и државата немаат друга алтернатива. Единствена алтернатива е Европската унија и затоа интензивно работиме со нашите стратешки партнери, внатре во Владата, да се најде најдобриот и најкраткиот пат за да стигнеме до оваа цел“, изјави министерот Меџити.
„Јас верувам дека стратешките партнери и мислат добро на државата и на сите граѓани тука. Секојдневно работиме да се најде најдобриот начин да чекориме кон ЕУ. Јас сум оптимист, мислам и дека Таравари е исто така оптимист, и сето ова води кон побрзо решавање на прашањето, бидејќи друго решение нема“, вели Меџити.
На прашањето и констатацијата дека Европската унија е услов над условите за ВРЕДИ во Владата и дали се спремни да го условуваат Мицкоски, во ситуација кога другиот коалиционен партнер ЗНАМ, народски кажано „не ги есапи“, до тој степен што сметаат дека дури и ако ја напуштат владината коалиција, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе може да функционира, за вицепремиерот и министер за животна средина, пологично и полесно е дека може да функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, отколку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„ЗНАМ мислам дека од почеток играат на националистичка карта. Не знам што им треба тоа, бидејќи е несвојствено за нив – произлегуваат од СДСМ, до вчера се бореа за граѓански концепт, сега од еден екстрем на друг, но тоа е нивно право. Мислам дека во последно време, околу „Балансерот“, имавме координација со министерот Минчев и пред јавноста имаше унифицирани ставови, и став и од премиерот, од мене и од Минчев дека правичната застапеност е уставна категорија, „Балансерот“ е со изминат рок, требада најдеме нов механизам, правно да се реши за правичната застапеностна сите заедници во земјава“, потенцира Меџити и додава дека новиот закон би требало да се усвои брзо.
Целото интервју со министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, погледнете го во видеото.