Видео: Мечка се храни во дворот на семејна куќа во тетовско Отуње
Мечка јадела храна оставена на маса на трем од семејна куќа во тетовското село Отуње.
Додека животното се „гоштевало“, членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата и со мобилен телефон го снимиле присуството на мечката, пренесува Тетово инфо.
Оттаму додаваат дека летово и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце се забележани слични примери на камери за видеонадзор на кои се гледа како мечките, во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично.