(ВИДЕО) Мечка влегла во дом во тетовско Отиње -Домаќинот се скрил во куќата и ја снимал со мобилен

Членовите на семејството во моментот биле внатре во куќата. Од влезната врата го снимиле животното кое без страв шетало по терасата и се качило на масата.

Слични случаи летово биле забележани и во соседните села Сетоле и Једоарце. Камери за видеонадзор снимиле мечки кои демолираат пчеларници и бараат остатоци од храна околу куќите.

Исто така, на социјалните мрежи се појави снимка од мечка со три мали мечиња во тетовското село Беловиште. Тамошните жители велат дека мечките во последно време сè почесто се сретнуваат во подножјето на Шар Планина

 

Back to top button
Close