(Видео) Мечка забележана на паркинг во Ростуше

Вчера во попладневните часови, жителите на Ростуше забележале мечка на паркинг простор во селото. Инцидентот предизвикал страв и вознемиреност меѓу локалното население.

Според очевидци, мечката била забележана додека шетала меѓу паркираните возила, а кучиња почнале да ја лаат, по што таа се повлекла.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Жителите апелираат на претпазливост, особено во вечерните часови.

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close