(ВИДЕО) Mетеор го осветлил небото над Осло

Необичен голем метеор во неделата накусо го осветлил небото над Норвешка, оставајќи со себе спектакуларна визуeлна трага.

Извештајот за брзиот прелет на метеорот стасал околу 1 часот по полноќ, а на социјалните мрежи се појавиле снимки од ова случување.

Норвешката мрежа за следење на метеори ги анализирала видео снимките, обидувајќи се да го утврди потеклото на метеорот.

Вегард Лундби од оваа мрежа вели дека во моментот се трага по остатоците од метеорот на Земјата, кои можат да тежат неколку килограми.

Прелиминарните податоци кажуваат дека постоела можност метеорот да влезе во Земјата, и тоа на 60 километри западно од главниот град Осло.

 

Back to top button
Close